Top Sport

Јаховиќ пред трансфер во Бешикташ

Великанот на турскиот фудбал, Бешикташ, во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го донесе во тимот Адис Јаховиќ. Турските медиуми објавија дека клубот од Истанбул ќе понуди 1,6 милиони евра за поранешниот македонски репрезентативец.

Бешикташ се наоѓа во сериозна финансиска криза, поради што играчите кои имаат високи плати го напуштија или се подготвуваат да го напуштат клубот. Прв замина португалскиот репрезентативец Пепе, а по неговите стапки ќе тргнат Вагнер Лав и Адем Љајиќ.

Јаховиќ кој е играч на Коњаспор, во Бешикташ би требало да ја пополни дупката што ќе настане со заминувањето на Лав.

https://twitter.com/bjkhbrajansicom/status/1077825407251025922

За неговите услуги Бешикташ се подготвени на негвиот актуелен клуб да му платат 1,6 милиони евра. Јаховиќ пред една година се пресели во Коњаспор од Гецтепе. Тогаш тој потпишал две и пол годишен договор со овој клуб.

Сезонава 31-годишниот напаѓач има постигнато пет гола.

Scroll to Top