Езелдин Бахадер, 75-годишниот Египќанец стана најстариот фудбалер кој дал гол во официјален натпревар, откако во саботата покрај тоа што бил капитен на својот клуб, третолигашот 6 Октомври, постигнал гол од пенал.
Бахадер, кој има четири деца и шест внуци, сега мора да настапи на уште еден натпревар за да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар активен фудбалер, поминувајќи го Израелецот Ицак Хајк, кој имаше 74 години кога играше.
„Станав најстариот професионален фудбалер со гол. Тоа беше остварено во последната минута од мечот и навистина не мислев дека можам да го остварам, бидејќи бев повреден“, изјави Бахадер.
Ezzeldin Bahader: Grandfather scores on professional debut – aged 75:”
“I became the oldest professional footballer scoring a goal in an official game.”This is something that was achieved in the last minute of the game that I thought I wouldn’t achieve. I was injured. pic.twitter.com/NwYNOSzyWV
— SportsObama.com (@SportsObama) March 9, 2020