Top Sport

76 години никој во Ла Лига не постигнал четири гола против Реал

Валентин Кастеланос синоќа го растури Реал Мадрид. Џирона, во 31.коло во Ла Лига, го победи Реал со 4:2. Головите за Џирона ги постигна 29. годишниот Аргентинец.

Кастеланос, кој според „Трансфермаркт“ вреди 10 милиони евра, на овој начин испиша историјата на Ла Лига. Тој е првиот играч по 76 години што успеал да постигне четири гола против Реал во натпревар во Ла Лига. Инаку во Шпанија, против Реал четири гола постигнал и Диего Милито, како играч на Сарагоса во Куп натпревар одигран на 8.февруари 2006 година.

Покрај Кастеланос и Диего Милито, во историјата четири гола против „кралскиот клуб“ постигнале: Естенаб Ечаварија (Овиедо), Хосеп Самитиер (Барселона), Еулогио Мартинез (Барселона) и Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд).

Инаку, до мечот со Реал, аргентинскиот напаѓач на Џирона оваа сезона одигра 28 првенствени натпревари за својот тим и на нив постигна седум гола.

Scroll to Top