Top Sport

А Бола: Мурињо кандидат за селектор на Бразил

Португалскиот спортски весник „А Бола“, објави сензационална информација дека Жозе Мурињо е најсериозниот кандидат за селекторската функција во бразилската репрезентација.

Според истиот извор, челниците на Фудбалската федерација на Бразил бил подготвени да му понудат работа на Мурињо доколку актуелниот селектор Тите не стигне до крајот на Копа Америка.

Бразилците верувале дека можат лесно да се договорат со Мурињо. Тие верувале дека клупата на петкратниот светски првак би бил вистински предизвик за него.

Бразил е домаќин на Копа Америка. Натпреварувањето започнува на 14 јуни, а Бразиле во група со Перу, Венецуела и Боливија.

Scroll to Top