Top Sport

Ограбен домот на Мората

Семејниот дом на Алваро Мората бил ограбен додека тој со репрезентацијата на Шпанија го играл натпреварот против Фарските острови.

Во моментите додека се Мората играл за Шпанија, вооружени крадци влегле во неговиот дом, во кој била само неговата сопруга Алис со нивните деца. Близнаците на семејството Мората наскоро ќе го прослават првиот роденден.

Од домот на Мората арамиите однеле вредни работи и накит. Сопругата на мората веднаш повикала полиција. Полицијата соопшти дека трага по напаѓачите.

Грабежот се случил во делот на Мадрид, Марсиера.

Scroll to Top