Десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд во интервју за „Џи-Кју“ рекол дека би сакал целата своја кариера да ја мине на „Енфилд“.
Англискиот репрезентативец е еден од ретките играчи на Ливерпул што ги одиграл сите натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната. „Црвените“ се лидери на табелата со 25 поени повеќе од Манчестер сити.
Негова желба е да се поензионира во црвениот дрес иако не крие дека покрај Ливерпул навива и за Барселона.
„Можам да се замислам како целата кариера ја минувам во Ливерпул. Никогаш не сум размислувал да играм во странство. Секогаш сум го сакал Ливерпул, навивач сум и играч на Ливерпул, така што не сум имал причина да размислувам за некој друг тим. Така е и сега“, истакнал Александер-Арнолд.