Top Sport

АБЦ: Рамос во последен момент ја прифатил понудата, лутиот Перез го одбил

Реал Мадрид, вчера, објави дека долгогодишниот капитен, Серхио Рамос, ќе го напушти клубот. Рамос 16 години играше за Реал, настапил на 671 натпревар и со клубот ги освои сите можни трофеи во клупскиот фудбал.

Долго време се одвиваа преговорите помеѓу Реал и Рамос. Капитенот не ги прифаќал условите што му ги понудил клубот, договор на една сезона и 10 отсто помала плата. Ставот на Рамос, до пред некој ден бил, договор на две сезони беа кратење на платата, односно 18 милиони евра по сезона.

Шпанските медиуми, во денешните изданија, тврдат, дека Рамос во последен момент се премислил, ги прифатил условите што му ги понудил клубот, но претседателот Флорентино Перез му рекол „Не“.

„Рамос ја загуби битката со Перез, со тоа што тој му се јавил на претседателот, призна дека ја загубил битката. Рекол дека го прифаќа она што го одбиваше во претходните шест месец, но Перез го одбил“, пишува најчитаниот весник во Мадрид, „АБЦ“.

„Рамос не сакаше да го напушти Реал, до последен момент се надеваше дека ќе остане. Сека знае дека тој план му пропадна“, објави радиото „Копе“.

Прашање е каде Рамос ќе ја продолжи кариерата, дали ќе се врати во Севилја или можеби ќе постигне договор со ПСЖ или Манчестер јунајтед.

Заминувањето на Рамос значи дека Реал со сите сили ќе се обиде да го задржи во тимот Рафаел Варан.

Scroll to Top