Последнопласираниот тим на Еспањол стигна до шокантна 2:1 победа на гостувањето кај Вилјареал, прва под водство на новиот тренер Абелардо, прва по дури девет меча во Ла лига, и севкупно само трета оваа сезона за тимот од Барселона.
Давид Лопез успеа да постигне гол по само пет минути игра за шок на „Естадио де ла керамика“, а новото засилување на тимот, Раул де Томас на почетокот на второто полувреме зголеми на 0:2. Еспањол останаа со играч помалку по играњето со рака на Хави Лопез, по што во 62. минута, Санти Казорла ги постави конечните 1:2.
Еспањол останува последен со 14 поени, колку што имаат и Леганес пред нив, и на четири поени од безбедната зона.
Претходно, Реал Бетис беше безмилосен против Реал Сосиедад, победувајќи со 3:0. Пред над 50 илјад и гледачи, Борха Иглесиас го отвори резултатот во 27. минута со гол со глава, капитенот Хоакин во 44. минута зголеми на 2:0, пред Каналес во финишот на мечот да ги постави конечните 3:0.
ЛА ЛИГА, 20.КОЛО
Реал Бетис – Реал Сосиедад 3:0
Вилјареал – Еспањол 1:2