Top Sport

Унгарците со луд пресврт ги „скротија“ Словенците (видео)

Иако имаа совршен старт на мечот и предност од +3 на полувреме, Словенците не успеаја да направат голем чекор кон пласман во полуфиналето на Европското првенство, бидејќи Унгарија со фантастичен почеток на второто полувреме успеа да стигне до 29:28 победа за да ја искомпликува ситуацијата во групата 2.

Во првото полувреме, тимот на Љубомир Врањеш играше гол-за-гол, пред во одлична завршница да направи предност од 16:13, меѓутоа во второто полувреме како да им недостасуваше здив, откако Унгарците направија низа од 8:2 и го решија мечот во првите десетина минути. По ова, Словенците се обидоа да се доближат на оваа предност, но на крајот го забележаа првиот пораз во втората фаза.

Бенце Банхиди со осум гола беше најефикасниот за Унгарците, а шест постигна Патрик Лигетвари, додека за словенечката репрезентација Јуре Доленец имаше осум гола, а Борут Мачковшек пет.

Со победата Унгарците имаат 4 поени, исто колку и Словенците, а до крајот на групната фаза ги чекаат пресметки со Португалија и Шведска, додека „змајчеките“ играат со Норвешка и со Португалија.

ЕП РАКОМЕТ 2020, 2.КОЛО, ГЛАВНА ФАЗА

ГРУПА 2

Португалија – Исланд 25:28 (12:14)

Словенија – Унгарија 28:29 (16:13)

Норвешка – Шведска 18.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 4, 2.Унгарија 4, 3.Словенија 4, 4.Исланд 2, 5.Португалија 2, 5.Шведска 0

Фото: ЕХФ

Scroll to Top