Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски му донесе нова победа на Абердин во Премиер лигата на Шкотска. Абердин со оваа победа се зацврсти на третата позиција на табелата.
Миовски во 37.минута избори пенал, а потоа беше прецизен од белата точка.
Ова е 11. гол за македонскиот репрезентативец во првенството. Тој заедносо Антонио Чолак од Ренџерс го дели првото место.
Абердин на третото место има 25 бода, осум помалку од Ренџерс и 17 од лидерот Селтик.