Ерик Абидал открива дека неговиот поранешен клупски колега Лионел Меси побарал тој да не праќа видеа до членовите на Барселона додека се бореше со ракот на црниот дроб бидејќи тоа штетело на клубот.
Францускиот интернационалец во интервју за „Канал плус“, открива дека имал „најлоши можни болки“, но и дека Меси му кажал дека тоа не помага на тимот.
„Тоа се болки на кои ќе се сеќавам цел живот. Беше неиздржливо, како некој да те сече со нож. Кога лекарот ми кажа дека ми треба операција бев среќен. Не би посакал такво страдање на никого. Бев многу слаб и пред натпревар им пратив видео на колегите да ги поддржам. Знаете што ми кажа Меси? Не ни праќај такви видеа бидејќи не боли. Јас не мислев така само сакав да ги охрабрам, но тие ме гледаа како мртовец“, вели Абидал.
Тој признава дека му било тешко кога доаѓале на посета во болницата.
„Кога дојде Тјери Анри во болницата, плачев како дете. Не сакав да ме види така, но ми беше убаво што дојде да ме посети“, додава Абидал.
На 38-годишниот Абидал му беше дијагностициран со тумор во црниот дроб во март 2011, и веднаш беше на итна операција. Сепак, во мај 2011 тој се врати и го одигра целото финале од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед (кој Барса го доби со 3:1), а дури ја носеше и капитенската лента.
Меѓутоа, во март 2012, тој повторно беше на операција за трансплантација на црниот дроб, а неговиот пријател и колега Дани Алвеш беше доброволец за трансплантацијата, иако на крајот беше избран неговиот братучед Жерар. Тој се врати на тренинзи во 2012 година, и почна да игра за Барселона, за во 2013 да се врати во својот стар тим Монако на една сезона.