Top Sport

Агентот на Баркли добил супер-сума од Челси

Трансферот на Рос Баркли од Евертон во Челси не престанува да предизвикува контроверзи во Англија, откако прво градоначалникот на Ливерпул побара истрага за случајот, а сега „Тајмс“ објави дека агентот на Баркли добил одлична сума за го оствари трансферот.

Баркли минатата недела потпиша за Челси за 15 милиони фунти, откако во текот на минатото лето беше блиску до клубот од „Стемфорд Бриџ“, пред неговиот агент да се повлече од договорот вреден 35 милиони фунти. По ова, тој се врати во Евертон да има третман за повредата, и добиваше плати до декември, а градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон (инаку навивач на Евертон) побара Премиер лигата и Фудбалската асоцијација да го разгледаат трансферот.

Сега „Тајмс“ открива дека агентот на Баркли, Пол Мартин и неговата компанија „Васерман“ добиле 7 милиони фунти за договарањето на трансферот. Ова е можеби малку од 41 милиони фунти кои ги доби Мино Рајола за трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед, но сепак, тоа е речиси половина од сумата која Евертон, тимот каде што Баркли беше од својата 11 година ќе добие за играчот.

Баркли потпиша за Челси, градоначалникот на Ливерпул бара истрага!

 

 

Scroll to Top