Top Sport

Абидал: Не е невозможно да го вратиме Нејмар

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал изјавил дека постои можност клубот во своите редови да го врати Бразилецот Нејмар.

„Се обидуваме да имаме што е можно посилен тим, со што би ги оствариле нашите цели. Да имате во тимот талентирани играчи какви што се Нејмар или Лаутаро Мартинез би било добро за клубот. Не гледам дека нешто такво е невозможно да се случи, работиме на таа тема“, рекол Абидал.

Нејмар во 2013 година потпиша договор со Барселона, а по четири години го напушти клубот во рекорден трансфер и се пресели во Пари Сен Жермен.

Некои медиуми тврдат дека Нејмар во договорот имал клаузула според може да го напушти клубот за 170 милиони евра.

„Таа цена, доколку тоа е вистина, би била иста за сите клубови, а не само за Барселона. Секогаш одлуката ја носи играчот, доколку ние успееме тоа ќе биде сјајно. Сепак Барселона секогаш смета и на својот млад тим, водиме сметка и за нов“, завршил Абидал.

Scroll to Top