Top Sport

Роналдо: Мислев дека на 35 години ќе бидам рибар

Кристијано Роналдо во средата наполни 35 години. По повод роденденот тој на најтиражниот португалски весник „А Бола“ им овозможил да големо интервју.

Иако е веќе во ветерански години Роналдо и понатаму игра на високо ниво. Во кариерата освоил пет „Залтни топки“, а исто толку пати ја освоил Лигата на шампионите. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид.

„Кога бев дете мислев дека со 35 години ќе бидам рибар на Мадеира. Не можев да сонувам дека ќе имам ваква кариера и дека ќе играм такви клубови. Не беше лесно, патот беше тежок, но се исплатеше“, рекол Роналдо.

За Роналдо, Јувентус пред две години на Реал им платија 100 милиони евра. Челниците на „старата дама“ се убедени дека со Роналдо можат да ја освојат Лигата на шампионите.

„Шесто финале во Лигата на шампионите? Зошто да не. Јувентус е добар тим и сигурен сум дека со малку среќа можеме да стигнеме до крајот“, рекол Португалецот.

Јувентус е лидер во Серија А, а во осмина-финалето во Лигата ма шампионите за противник го има Лион.

Scroll to Top