Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал признал дека клубот внимателно го следи напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. Каталонците биле убедени дека Аргентинецот би бил идеална замена за Луис Суарез.
„Мартинез е комплетен играч. Мислам дека игра на потребно ниво, знаеме се за него. Квалитетен е, но исто така постојат уште неколку други играчи кои клубот ги следи“, рекол Абидал.
Наводно Лионел Меси го препорачал соиграчот од репрезентацијата. Тој има постигнато осум гола за Интер од почетокот на сезоната.