Top Sport

Бил Расел по 44 години го примил прстенот на Куќата на славните

Бил Расел легендарниот центар на Бостон Селтикс по 44 години го прифати прстенот што го добиваат членовите на кошаркарската Куќа на славните. Освојувачот на 11 шампионски титули со Селтикс во Куќата на славните е примен во 1975 година.

Расел (85) во текот на кариерата долага 13 години (1957-1969) освоил 11 титули. Тој во секоја сезона бил дел од Ол-стар натпреварот.

Во 1975 година станал првиот афро-американец кој е избран во Куќата на славните. Тогаш тој ја одбил таа чест, а за „Њујорк Тајмс“ рекол дека имал свои причини за кои не сакал да говори.

„Не сакам да бидам дел од тоа. Не одам. Тие тоа го знаат. Со години се чувствувам така“, рекол во 1975 година Расел.

44 години подоцна не само што го прифатил прстенот туку и објаснил зошто постапил така.

„Одбив да стана првиот црномурен играч во куќата на славните. Чувствував дека имаше други пред мене кои требаа да ја добијат таа чест“.

Расел во периодот од 1966 до 1969 бил играч и тренер на Бостон. Тој е првиот црномурен тренер во историјата на спортот во Северна Америка.

Бил Расел прстенот го примил заедно со колегите Бил Волтон и Алонзо Морнинг, односно кошаркарката Ен Мејерс.

Во кариерата Расел постигнал 14.522 поени, забележал 21.620 скокови и 4.100 асистенции. Исто така во 2011 година го добил претседателскиот медал за својот придонес кон кошарката.

Scroll to Top