Top Sport

Абрахам честел навивачи на Рома како „извинување“ за поразот од Интер

Англичанецот Теми Абрахам продолжува да станува „култна“ фигура кај навивачите на Рома, откако еден негов гест уште еднаш го прикажа во добро светло.

„Волчицата“ беше елиминирана од Копа Италија по 2:0 поразот на „Сан Сиро“ за нов фрустрирачки пораз на тимот на Жозе Мурињо. Според „Калчомеркато“, Абрахам бил на вечера со својата девојка Леа Монро во ресторан во центарот на Рим, каде што имал средба со неколку навивачи на Рома, кои се поздравиле со него, но јасно му го искажале разочарувањето од поразот од Интер.

Англичанецот им поделил автограми, за на крајот на вечерта поранешниот играч на Рома да ја плати сметката на навивачите.

Scroll to Top