Новиот напаѓач на Рома, Англичанецот Теми Абрахам признава дека е исфрустриран од стартот на сезоната 2021/22, откако по неверојатен шести пат ја погоди рамката на голот на мечот против Емполи во неделата.
Рома е на четвртото место во Серија А, додека Абрахам постигна два гола во Серија А и два во Конференциската лига на УЕФА
„Ве молам, некој да ја тргне стативата/пречката. Шести пат оваа сезона ја погодувам“, напиша Абрахам на Твитер.
24-годишниот Абрахам стана миленик на навивачите на „волчицата“ по комплетирањето на трансферот од 40 милиони евра од Челси во текот на летото.
Someone please remove the crossbar/post. ?? 6th time already this season I’ve hit it. https://t.co/Ar4ZCjLuhT
— Tammy Abraham (@tammyabraham) October 3, 2021