Top Sport

Донарума: Дојдов во ПСЖ да играм, а секогаш ќе бидам фан на Милан

Џанлуиџи Донарума инсистира дека го направил трасферот во Пари Сен-Жермен за постојано да игра, но додава дека постојано е во контакт со тренерот на Милан, Стефано Пиоли и додава дека вечно ќе биде навивач на „росонерите“ и покрај тоа што дел од навивачите сметаа дека тој беше гладен само по пари и затоа не остана на „Сан Сиро“.

Донарума се враќа на овој стадион со италијанската репрезентација, која по освоената европска титула се подготвува за полуфиналето од Лигата на нации на УЕФА во Милано против Шпанија. 22-годишниот голман има само четири меча откако пристигна во Париз, откако тренерот Маурисио Почетино реши да го „ротира“ со Кејлор Навас.

„Милан се важен дел од мојот живот и возбуден сум што повторно сум тука. Во Париз отидов да играм и нормално е да има пречки на почетокот. Продолжувам со мојот пат. Не си заминав од Милан со проблеми и веќе се сретнав со Паоло Малдини и поранешните соиграчи. Сите сме возрасни. Среќен сум што на Милан им оди добро, и секогаш ќе бидам навивач на Милан. Честопати зборувам со Пиоли и добивам совети“, објаснува Донарума.

Scroll to Top