Англискиот напаѓач на Рома, Теми Абрахам го судрил своето „Порше Кајен“ со друг возач на патот до тренинг-центарот на клубот во Тригорија, но тоа не го спречило потоа да продолжи нормално со тренингот, тврди „Ла газета дело спорт“.
24-годишниот Абрахам, кој пристигна во тимот на убедување на Жозе Мурињо од Челси, веднаш проверил дали другиот возач е повреден, а бидејќи немало голема штета, не била вклучена полицијата.
Ова не е првпат Абрахам да има проблеми со возењето – минатата година платил казна од речиси 1.000 евра откако со своето Ламборгини возел двојно повеќе од дозволеното во едно предградие на Лондон.
Абрахам има постигнато 6 гола во 18 настапи во Серија А оваа сезона, вклучувајќи два гола при импресивната 4:1 победа над Аталанта пред новогодишната пауза во Италија.
Roma, incidente per Abraham: tamponamento sulla strada di Trigoria https://t.co/WM4isfQ6UC
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 3, 2022