Top Sport

Каков татко, таков син! Реми Гарднер е новиот Мото2 шампион

Возачот на Ред бул КТМ, Австралиецот Реми Гарднер ја освои Мото2 титулата по последната трка во Валенсија, збогувајќи се со „средната“ категорија во Мото ГП шампионатот со трофеј пред преселбата во елтината класа.

23-годишниот Реми Гарднер е син на Вејн Гарднер, 500сс светскиот шампион од 1987 година, кој стана првиот Австралиец со Мото ГП круна. И неговиот брат, Лука Гарднер e професионален тркач, кој учествува во дирт-трките во Австралија.

Шпанецот Раул Фернандез победи на последната Мото2 трка, но на Гарднер му беше доволно и деветтото место за да стане шампион. Фабио ди Џанантонио заврши како втор, а Арон Кане беше трет.

Scroll to Top