Top Sport

Абрахам со хет-трик, Челси рутински со Лутон

Во меч во кој ќе се заборави новата голема грешка на Кепа Аризабалага и новото разочарување за Тимо Вернер (утна пенал) и ќе се зголеми самодовербата на фудбалерите на Челси, тие стигнаа до 3:1 победа над Лутон во четвртото коло од ФА купот благодарение на фантастичниот Теми Абрахам, кој постигна хет-трик.

Дека тимот на Френк Лампард е под притисок да се остварат подобри резултати по инвестициите од 250 милиони евра во текот на летото не е тајна, и мечот со второлигашот Лутон може да служи како инспирација и покрај некои негативни елементи во мечот.

Абрахам даде два гола во првите 17 минути од мечот, и „сините“ можеа да дадат уште некој гол пред во 30-тата минута, Кларк да ја искористи лошата интервенција на Кепа за да намали на 2:1. Сепак, сигурен пласман во осминафиналето обезбеди Абрахам со убав гол во 74. минута. Во 86. минута, Тимо Вернер имаше совршена шанса да постигне редок гол по трансферот на „Стемфорд бриџ“, но неговиот удар заврши во рацете на хрватскиот голман Симон Слуга.

Scroll to Top