Top Sport

Абрахам: За неколку недели со Мурињо научив повеќе отколку во целата кариера

Англискиот напаѓач, 24-годишниот Теми Абрахам рече дека воопшто не размислувал да ја напушти Премиерлигата, но сепак летово тој од Челси се пресели во екипата на Рома. Вели дека мислењето го променил многу брзо, по разговорот со кормиларот на „волчицата“ Жозе Мурињо.

„Жозе има цел. Имаше големо влијание врз мене пред доаѓањето во Рим. Апсолутно сакав да сум дел од неговиот проект“ вели Абрахам кој благодарение на добрите партии во дресот на Рома повторно се врати во редовите на „Гордиот Албион“.

Постигна 4 гола за римскиот клуб на стартот на сезоната, од нив два се во Серија А каде тимот моментно е на четвртата позиција.

„Уживам во Рома и уживам да работам со Мурињо. Кај него за тактика во овие неколку недели научив повеќе отколку во целата моја кариера претходно“ им изјави Абрахам на англиските новинари.

Scroll to Top