Газдата на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович покрај своите познати јахти има и колекција приватни авиони, од кои дефинитивно најдобар е модифицираниот „Боинг 767-33А ЕР“ со прекар „Бандит“, проценет на најмалку 80 милиони евра.
Русинот го купи својот авион во 2004 година, една година откако го откупи клубот од „Стемфорд бриџ“, а авио-компанијата „Хавајан ерлајнс“ ја откажаа нарачката на авионот. Оттогаш тој е на аеродромот во Стенсед, Велика Британија и се користи кога е тоа неопходно.
Во авионот има неверојатна хала за состаноци, каде што 30 гости можат да вечераат, а во авионот има кујна, канцеларија и спална соба со двоен кревет. Внатрешноста е изработена од скапоцени метали и посебно избрано дрво.
Секако, тоа е минимална сума за човек кој „тежи“ повеќе од 15 милијарди евра, и не зачудува што во авионот има ист безбедносен систем како „Ер Форс Уан“, авионот кој го превезува американскиот претседател Доналд Трамп.