Top Sport

Абрамович ја „растура“ новата Барса – ги купува Де Јонг, Гави и Дест?

Газдата на Челси, Роман Абрамович дал зелено светло клубот да се обиде да го донесе триото на Барселона, Френки де Јонг, Гави и Сержињо Дест, тврди шпанскиот „Ел насионал“.

„Сините“ веќе заостануваат 12 поени зад Манчестер сити на табелата во Премиерлигата и менаџерот Томас Тухел смета дека му е потребен буџет за засилувања, откако во неговата ера пристигнаа само Ромелу Лукаку од Интер и Саул Нигез од Атлетико Мадрид, и двајцата не блеснаа досега.

Според „Ел насионал“, Абрамович со своите пари ќе ја „уништи“ Барселона, која и така е финансиски слаба. Де Јонг е првата мета на Абрамович и наводно тој лично се вклучил во убедувањето на 24-годишниот Холанѓанец дека во Премиерлигата ќе има подобри шанси за успех.

Ако трансферот на Де Јонг не е тешко да се реализира, многу потешко ќе биде да се донесе Гави, тинејџерската сензација кој уште го нема продолжено договорот поради финансиските проблеми на клубот. Тој има откупна клаузула од само 50 милиони евра.

Последен на листата е Американецот Дест, кој досега имаше разочарувачки престој на „Ноу Камп“ и кој го загуби местото во стартниот тим по пристигнувањето на Дани Алвеш.

Scroll to Top