Top Sport

Вујовиќ ги предупреди Црногорците: Само да не велиме дека ќе ги „измлатиме“ Хрватите

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ ги предупреди црногорските ракометари да останат „спуштени“ на земја и да не си мислат дека лесно ќе ја совладаат Хрватска по големиот успех на Европското првенство.

Црногорците, откако лесно не совладаа нас, со 33:32 ја победија и Словенија, елиминирајќи ги фаворитите (каде што Вујовиќ претходно беше селектор). Следува утрешниот меч со Хрватска од 15.30 часот.

„Тоа што имавме мал број на играчи, поради приликите, на крајот испадна добро. Колку и да промашуваа Бранко и Милош Вујовиќ или Божо Анѓелиќ, знаеја дека ќе бидат тука и тоа им даде стабилност. Во таква ситуација можеа да кажат: ‘Ајде да играме ракомет’, нешто што знае да донесе резултат. Сега 90 отсто од јавноста во Црна Гора се занесува и вели ќе ги ‘измлатиме’ Хрватите, но нема основа за таков оптимизам. Им се враќа Дувњак и така се сосема различна репрезентација. Во регионот не постои подобра репрезентација од Хрватска и тоа е голем противник. Затоа, ништо не е срам. Можат и да загубат, но важно е како ќе загубат“, вели Вујовиќ за црногорски „Вијести“.

Scroll to Top