Поранешниот фудбалер на Челси, Бранислав Ивановиќ, во интервју за магазинот „Four Four Two“, рекол дека кога Роман Абрамович секојдневно ќе биде присутен на „Стенфорд Бриџ“, тогаш „сините“ ќе се вратат во врвот на англискиот и европскиот фудбал.
„Ова е нов тим на Челси. Минатата сезона клубот немаше сјајна сезона, но го освоија третото место и победија во Лига Европа. На Челси им недостига присуството на Абрамович. Навивачите мора повторно да го гледаат на трибините. Кога тоа ќе се случи Челси повторно ќе биде еден од најдобрите европски клубови“, рекол поранешниот српски репрезентативец и дополнил.
„Тој е еден од најважните луѓе во мојата кариера. Секогаш кога минував низ тежок период во Челси, тој беше тука“.
Ивановиќ девет години го носел дресот на Челси (2008-2017) и освои десет трофеи, меѓу кои е и оној од Лигата на шампионите. За „сините“ одиграл 261 натпревар и постигнал 22 гола.