Top Sport

Колку пари денес би вредел Франческо Тоти?

Франческо Тоти е икона на Рома. Целата своја кариера ја минал на „Олимпико“, иако во минатото имал понуда од Реал Мадрид.

Никогаш нема да се знае колку Рома можеле да инкасираат од неговата продажба, иако во неговото време на трансферите се издвојувале помалку пари.

Трансферот на Нејмар од 222 милиони евра предизвика тектонски промени во фудбалските трансфери.

Тоти во еден разговорил открил колку би вредел на трансфер-пазарот.

„Мислам дека би вредел околу 200 милиони евра“, (не)скромно изјавил поранешниот капитен на рома.

Тоти 25 години минал во Рома, одиграл 786 натпревари и постигнал 307 гола.

Scroll to Top