Top Sport

Абрамович не го продава клубот

Роман Абрамович нема намера да го стави на продажба фудбалскиот клуб Челси, објави „Скај Спорт“. Изминатите недели, неколку британски медиуми шпекулираа дека Абрамович за сума од три милијарди евра ќе му го продаде клубот на Даниел Ретклиф.

Абрамович го купи Челси во 2003 година за „само“ 160 милиони фунти. Вложувањата во клубот се исплатија девет години подоцна кога „сините“ ја освоија Лигата на шампионите.

Медиумите, шпекулираа дека Абрамович сака да ја напушти Англија, откако властите одбија да му ја продолжат дозволата за престој, поради што тој мораше да извади израелски пасош.

Scroll to Top