Top Sport

Абрамович не планирал да го продава Челси

Сопственикот на Челси Роман Абрамович целосно бил вклучен во се она што се работи во клубот и не планирал да прифати „ефтини понуди“, тврди директорот Брус Бак.

Рускиот тајкун, минатата година, имаше проблеми со обновувањето на британската виза, а од почетокот на оваа сезона ниту еднаш не бил забележан на трибините на „Стенфорд Бриџ“.

Англиските медиуми неколку пати ја отвораа темата дека Абрамович бил подготвен да го продаде клубот.

„Никогаш тоа не сум го слушнал од Абрамович“, рекол Бак.

„Поради политичката ситуација постојат луѓе кои мислат дека можат да го купат Челси. Немаме што да им кажеме. Господинот Абрамович цело време е вклучен во работењето на клубот“.

Челси одлично играат оваа сезона иако поради суспензијата од ФИФА, во летниот преоден рок не беа активни на трансфер-пазарот.

Новиор менаџер Френк Лампард за краток период успеа да внесе во првиот тим неколку млади играчи од клупската академија.

„Абрамович е среќен што играчи од академијата добија шанса да се докажат. Тој е еден од ретките сопственици што бил на многу натпревари на младинските селекции“, рекол Бак.

Челси во моментов се наоѓаат на четвртото место во Премиер лигата.

Scroll to Top