Top Sport

Абрамович не прашува за цена – го сака Халанд во Челси

Премиерлигашот Челси во летниот преоден рок ќе стори се за да го ангажира норвешкиот репрезентативец, Ерлинг Халанд (20).
„Роман Абрамович сака неговиот клуб повторно да се бори за најважните трофеи и повторно ќе инвестира во екипата иако минатото лето потроши 200 милиони евра. Еден играч го сака по секоја цена“ пишува „Tutomerkato”.

Се работи за сезонава фантастичниот голгетер на Борусија Дортмунд кој на 25 меча има 27 гола и 7 асистенции.

Халанд летото 2022 година ќе ја активира клаузулата според која ако има заинтересиран клуб за неговите услуги, Борусија ќе инкасира 75 милиони евра од тоа. Меѓутоа големите клубови се чини нема да чекаат до 2022 година.

И Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Халанд, а во своите редови го посакуваат и Јунајтед, Сити и Ливерпул.

Scroll to Top