Top Sport

Заврши романсата на најпознатиот тениски пар

Францускиот тенисер Гаел Монфис и неговата девојка, украинската колешка Елина Свитолина ја прекинаа врската.

„Одлуката беше неверојатно тешка, затоа што и понатаму чувствуваме љубов еден кон друг. Но ние сме и двајцата најдобри пријатели кои разбраа дека треба да земат малку простор и да си помогнат еден на друг за да живееме најисполнет живот“ напиша Свитолина.

Таа на Австралија опен стигна до четвртфиналето, додека Монфис испадна уште во првото коло по што се расплака на прес-конференцијата.

Засега се уште не е јасно што тргнало наопаку меѓу двајцата успешни млади луѓе, но со изјавата на Украинката се чини дека е оставен простор за помирување.

Свитолина важи за една од најатрактивните тенисерки.

Scroll to Top