Top Sport

Абрамович од Тел Авив летна за Турција

Рускиот милијардер и газда на Челси, Роман Абрамович, се појави првпат во јавноста откако беше поставен под санкции од британската влада, откако беше „фатен“ во ВИП ложата на аеродромот во Тел Авив, Израел, пред да замине за Истанбул, Турција.

Фотографијата која ја објави новинската агенција „Ројтерс“, го покажувак ако чека трансфер во Турција, иако „Ројтерс“ не можеше да потврди дали тој пристигнал во Турција. Абрамович претходно беше најавуван како еден од можните медијатори во руско-украинскиот конфликт, а токму во Турција се оддржа неодамнешниот состанок на министерите за надворешни работи на Украина и Русија.

Според израелските медиуми, приватниот авион на Абрамович пристигнал на аеродромот „Бен Гурион“ во неделата од Москва, со крајна дестинација Истанбул.  Абрамович, кој има израелско и португалско државјанство, беше санкциониран од британската влада бидејќи наводно неговата компанија „Евраз“ доставувала челик за производство на тенкови на руската армија. Тој го демантира тоа.

Scroll to Top