Top Sport

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

Промената на сопственоста на Челси може дополнително да се одложи со ново барање на сопственикот „под санкции“, Роман Абрамович. Русинот побарал дополнителни 500 милиони фунти, тврди „Скај Њуз“. За ова во последните 48 часа се информирани заинтересираните кандидати за купување на лондонските „сини“.

Според „Скај“, барањето на Абрамович е поврзано со неговата желба продажбата да достигне сума од 2,5 милијарди фунти. Доколку тоа се случи, тој ќе донира 1 милијарда од сумата во добротворни цели, за помош на разурнатите делови на Украина.

Оваа недела тројцата преостанати кандидати за купување на Челси почнаа да ги презентираат своите конечни понуди и се очекуваше до крајот на неделата да биде избран новиот сопственик. Сепак, сега има ново барање од Роман Абрамович.

Scroll to Top