Top Sport

Абрамович: Сакам само едно вистинско збогум со навивачите на Челзи

Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, изјави дека се надева на „соодветно збогување“ од навивачите на клубот. Вистонското „збогум“ не го доживеа бидејќи беше принудан да го продаде клубот во 2022 година.

Поради неговите блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин, англиската влада го означи Абрамович како „персона нон грата“ и повеќе немаше место за него во екосистемот на Премиер лигата.

Абрамович долго време го нема во јавноста, последен пат даде интервју за Форбс во 2021 година и досега ниту еден медиум немаше можност да разговара со рускиот тајкун.

Ова му успеа на Ник Пуревал, кој неодамна ја објави книгата „Санкциониран“, која се занимава со сите досега непознати детали за продажбата на Челзи од страна на Абрамович.

Во еден дел, Роман вели дека не планира никогаш повеќе да инвестира во фудбалски клуб и дека посакува еден ден, доколку се укаже можност, да се збогува со навивачите на Челзи на соодветен начин.

„Можеби еден ден ќе се појави ситуација каде што ќе можам да присуствувам на натпревар на Челзи и да се збогувам со навивачите на Челзи како што треба, но ништо повеќе од тоа“, рече Абрамович.

„Веќе не ме интересира да имам никаква улога во клуб, сигурно не во професионална смисла“, додаде човекот под чие водство Челзи ги постигна најголемите успеси во историјата, вклучително и освојувањето на две титули во Лигата на шампионите.

Scroll to Top