Top Sport

Абрамович со трансферот на Санчо сака да ги покаже плановите на Челси

Во потег кој може да се протолкува како јасна порака до навивачите дека Роман Абрамович уште има големи планови за Челси, рускиот милијардер дал зелено светло тимот по секоја цена да го донесе тинејџерот Џејдон Санчо на „Стемфорд бриџ“.

19-годишниот Санчо дојде во Борусија Дортмунд од Манчестер сити во 2017 година, по што блесна со своите игри и досега има дадено 26 гола и 36 асистенции во 79 настапи за „милионерите“. Санчо, кој признава дека како дете бил навивач на Челси, беше поврзуван со повеќе англиски клубови, но сега според британските медиуми, Абрамович е подготвен да плати астрономски 120 милиони фунти за него.

Со оваа сума, Абрамович и директорот на клубот, Марина Грановскаја сакаат да покажат дека се останува на големите планови и покрај шпекулациите последните неколку години и одбивањето на Велика Британија да му ја продолжи бизнис-визата на Абрамович.

Санчо би бил совршена замена за Еден Азар, кој минатото лето замина во Реал Мадрид, иако досега празнината достојно ја пополнуваа младите Мејсон Маунт и Калам Хадсон-Одои. Трансферот тешко дека би се остварил во јануари, бидејќи Борусија е во трка за титулата од Бундеслигата (заостануваат 7 поени зад лидерот РБ Лајпциг).

Scroll to Top