Црвена звезда „падна“ во формата во продолжението за да загуби дома со 94:85 од Алба Берлин за да си ги намали шансите за пласман во плејофот од Евролигата.

По израмнетата игра во текот на сите четвртини, Звезда ја загуби концентрацијата во финишот и го пропушти шутовите за победа на Лазиќ и Штимац, за германскиот тим да стигне до победа. Пејтон Силва и Лук Сикма имаа по 15 поени за гостите, додека новото засилување на Зведа, Кевин Пантер имаше 24 поени.

Анадолу Ефес пак, имаше уште една лесна вечер во Истанбул, откако предводени од Шејн Ларкин стигнаа до убедлив 101:74 триумф над Асвел, за да останат први на табелата со 17-3 скор.

Ларкин го заврши првото полувреме со 19 поени во 17 минути, за во текот на целиот меч да има 29 поени, 7 асистенции и 6 скока, за Ефес да направи предност од 35:22 уште во првата четвртина. Родриге Бобоа имаше 14 поени, Сертаџ Санли додаде 13 за тимот со големи амбиции.

ЕВРОЛИГА, 20.КОЛО

ЦСКА Москва – Басконија 94:90 (27:25, 25:21, 23:12, 19:32)

Зенит Петерсбург – Валенсија 81:86 (16:20, 26:26, 9:17, 30:23)

Анадолу Ефес – Асвел Лион 101:74 (35:22, 25:23, 21:18, 20:11)

Црвена звезда – Алба Берлин 85:94 (22:21, 21:18, 19:23, 17:17, 6:15)

Олимпијакос – Баерн Минхен 89:72 (17:14, 20:18, 17:21, 35:19)