Top Sport

Абрамович „воопшто не е заинтересиран“ за Кристијано Роналдо

И покрај шпекулациите дека Челси ќе понудат 120 милиони евра за зачудувачки трансфер на Кристијано Роналдо на „Стемфорд бриџ“, руските медиуми тврдат дека газдата Роман Абрамович нема никаков интерес за португалската мегаѕвезда.

Според извори блиски до милијардерот, Јувентус не добиле никакво официјално барање за можен трансфер на Португалецот, ниту Абрамович бил во контакт со Роналдо и неговиот агент Жорге Мендеш.

Абрамович не е вратен во Велика Британија од 2018 година кога британските власти не му ја продолжија визата, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе го продаде клубот и ќе се пресели во Израел.

Неговиот бизнис во Челси го носи Канаѓанката со руско потекло, Марина Грановскаја, која честопати е опишувана како „најмоќната жена во фудбалот“. Грановскаја оваа сезона веќе ги обезбеди Хаким Зијеш од Ајакс (33 милиони фунти) и наводно Тимо Вернер од РБ Лајпциг (за 53 милиони фунти).

Scroll to Top