Top Sport

Англиските менаџери не смеат да се караат со судиите

Менаџерите на премиерлигашите добија наредба да не се караат со судиите пред рестартот на лигата, и секоја забелешка на судењето ќе треба да ја поднесат писмено 24 часа по мечот.

Вообичаено, во Прмеиер лигата, менаџерите имаат разговор со судиите по крајот на мечевите, но сега поради корона вирусот, сите забелешки ќе се направат 24 часа по крајот на мечот. Сите официјални лица на клубовите не смеат да се приближуваат до судиите во тунелот пред и по мечевите.

Тунелите на стадионите ќе бидат „херметички затворени“ и ќе биде дозволен влез сасмо на фудбалерите, судиите и одреден дел од придружниот состав на тимовите.

Меѓу другите мерки, фудбалерите добија предупредување да не го опкружуваат судијата во текот на мечот и да не се ракуваат со противничкиот тим освен со допирање на лактите. Гостинските тимови исто така први ќе излегуваат на тренот за да се избегнат контакти во тунелот.

Scroll to Top