Објавата на Роман Абрамович дека се повлекува од Челси, суштински ништо нема да смени во клубот од „Стенфорд Бирџ“, тврдат англиските медиуми. Абрамович, во саботата, преку соопштение објави дека отстапува од позицијата.
Медиумите в Англија, анализирајќи го соопштението, тврдат дека Челси ќе функционира како и досега.
„Ова е симболична промена. Технички се остана исто. Абрамович последните години ретко беше во Лондон“, пишува „Дејли мејл“.
Абрамович, од ноември минатата година не бил на натпревар на Челси во Англија. Преходно во Премиер лигата не го гледал Челси три години.
Според англиските медиуми, Абрамович само на хартија се дистанцирал од клубот, а во ниту еден момент не се дистанцирал од рускиот претседател Владимир Путин и не го осудил нападот на Украина.
„Многу повеќе е важно она што го прескокна, него она што го кажа во своето „симболично“ соопштение кое не значи ништо“, е генералниот заклучок на медиумите во Англија.
Јасно е дека клубот и понатаму ќе го водат Марија Грановскаја и Петер Чех.