Top Sport

Абреу потпиша за 26.клуб во кариерата

Уругвајскиот напаѓач Себастијан Абреу стана светски рекордер откако потпиша за 26.клуб во кариерата. Овој 41-годишен напаѓач со прекар Локо (Лудак) договори соработка со чилеанскиот Аудакс Италијано.

Абреу со ставањето на потписот на договорот го надмина рекордот на поранешниот германски голман Луц Фаненштил, кој во кариерата бранел за 25 екипи.

Новиот светски рекордер Локо Абреу, во кариерата, настапувал во 11 државии од матичниот Дефенсор, преку Сан Лоренцо (Аргентина), Депортиво Ла Коруња (Шпанија), Гремио (Бразил), Круз Азул (Мексико), Беитар Ерусалим (Израел), Тигерес, Ривер Плата, Реал Сосиедад, Арос Ботафаго и уште неколку други.

Во текот на кариерата има постигнато повеќе од 400 гола, меѓу кои се и 26. за репрезентацијата на Уругвај за која има одиграно 70 натпревари.

Со Уругвај играше на Мундијалите во 2002 година (Јапонија и Јужна Кореја) и 2010 година (Јужна Африка) кога Уругвај го освои четвртото место.

Во текот на кариерата која ја започна во 1995 година има освоено четири шампионски титули во Уругвај, две во Аргентина и по една во Салвадор и Бразил.

Абреу во 2011 година со репрезентацијата стана шампион на Јужна Америка.

Scroll to Top