Top Sport

Ги одбил Хрватска и Шведска поради Косово

Младиот фудбалер на Удинезе Доријан Никола одбрал да настапува за репрезентацијата на Косово иако имал и други понуди. Овој 16-годишен фудбалер имал понуди и од националните сојузи на Хрватска и Шведска.

Никола пораснал во Шведска, бил на проба во Динамо Загреб и Удинезе, заинтересирани биле и од Бенфика да го донесат во своите редови, но тој се решил за калчолигашот од Удине.

Фудбалските стручњаци му предвидуваат блескава кариера. Наредната година тој ќе дебитира за репрезентацијата на Косово, играчи до 17 години.

Инаку се додека не дебитира за А-селекцијата, Никола ќе има можност да ја смени својата одлука.

Scroll to Top