Поранешниот фудбалер на Арсенал, Абу Диаби потврди дека заминува во фудбалска пензија на 32 години, откако последните неколку години се мачеше со низа повреди.
Диаби играше за „топчиите“ од 2006 до 2015 година, кога беше споредуван со поранешниот капитен Патрик Виера, по што замина во Марсеј, каде што одигра две сезони во Лига 1. По ова тој паузираше една година и откако се обиде да се врати на фудбалот мораше да го признае поразот.
„Беше време за вакво нешто. Повеќе години тешко ми е да се враќам на фудбалските терени. Решив да сопрам бидејќи телото не го следеше умот. Ова е завршно поглавје, но почнува нова етапа во мојот живот“, изјави Диаби.
Arséne Wenger speaking about Abou Diaby in November 2014: “He is not a fragile player. He was the victim of an assassin’s tackle that went unpunished.” pic.twitter.com/saHu4LlbeS
— Squawka News (@SquawkaNews) February 25, 2019
Abou Diaby has announced his retirement from football.
Who could forget THAT performance at Anfield? ?pic.twitter.com/yT6WTvY2qw
— Arsenal FC News (@ArsenalFC_fl) February 25, 2019