Top Sport

Иванишевиќ и Рафтер ќе играат реприза на класичното финале на Вимблдон

Горан Иванишевиќ и Патрик Рафтер по 18 години ќе одиграат реприза на класичното финале на Вимблдон, кога Хрватот стигна до својата единствена гренд слем титула.

Во 2001 година, Иванишевиќ, играјќи го своето четврто финале на славниот британски турнир како тенисер со вајлд-карта, победи со 6:3/3:6/6:3/2:6/9:7 во едно од најинтересните финалиња во последните неколку децении. Сега, Хрватот и Австралиецот ќе се сретнат повторно на егзибициски меч како дел од прославата на 30-годишнината на АТП турнирот во Умаг од 12 до 21 јули.

Иванишевиќ долго време служи како неформален промотор на турнирот на земја, играјќи мечеви против Томас Мустер, Пет Кеш и Рихард Крајичек, како и против ѕвездата на егзибициите, Иранецот Мансур Бахрами, но овој меч ќе биде нешто посебно.

Scroll to Top