Top Sport

Абубакар не е импресиониран од Салах: За него се зборува само бидејќи игра во голем клуб

Камерунскиот напаѓач Винсен Абубакар, кој по кариерата во Порто и Бешикташ го заработува својот „фудбалски леб“ во Ал-Наср во Саудиска Арабија, влезе во напад на Мохамед Салах, сметајќи дека е на негово ниво, но дека за него се зборува само бидејќи игра во Ливерпул.

По спориот старт на сезоната, Салах се врати со 9 гола во последните 8 меча за Ливерпул и повторно за него има само пофални зборови во медиумите.

„Не сум импресиониран. Можам да го направам истото што го прави и тој, само што не добив шанса да играм во голем клуб. Ги сфаќам луѓето, тој е еден од најдобрите стрелци во Премиерлигата и затоа зборуваат. Но, тоа е моето мислење и не ми е грижа“, вели 30-годишниот Абубакар.

Ова не е првпат тој да го има Салах како „мета“, откако на Африканскиот куп на нации во февруари имаше критики за Египќнецот.

„Да, прави добри работи бидејќи е во клуб во кој е веќе четири години. Добар е, но не на нивото на Килијан Мбапе. Дава многу голови, но не придонесува многу во играта на неговиот тим“, кажа тогаш Абубакар.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');