Камерун и Египет вечерва ќе се борат за место во финалето на Африканскиот куп. Синоќа, место во финалето избори селекцијата на Сенегал.
Камерун, домаќинот на турнирот, напаѓачки делува моќно, капитенот Абубакар и Токо Екамби имаат постигнато 11 голови. Абубакар со шест гола, досега е најдобар стрелц на турнирот.
Египет се потрпира на колективот, во кој се издвојува Мохамед Салах. Ѕвездата на Ливерпул со гол и асистенција му овозможи на Египет пласман во полу-финалето.
„Воопшто не сум импресиониран од Салах. Не сакам да лажам, секогаш сум бил искрен. Ќе кажев доколку навистина ме импресионираше. Тој е добар игра, постигнува многу голови, но не учествува во играта. Секако добра е во Премиер лигата, но игра во ист клуб веќе неколку години“, рекол капитенот на Камерун, Абубакар.