Фудбалерот на Брајтон, Адам Лалана е новиот преоден менаџер на премиерлигашот Брајтон за гостувањето кај Борнмут овој викенд, откако нивниот постојан менаџер, Греем Потер беше потврден како нов менааџер на Челси.
34-годишниот поранешен фудбалер на Ливерпул, во моментов е надвор од терените поради повреда на бутниот мускул, заедно со тренерот на У-21 тимот, Ендру Крофтс ќе биде задолжен за тимот овој викенд.
„Нашето внимание е посветено на барање на наследник на Греем како главен менџер, но прво мораме да бидеме сигурни дека можеме да бидеме подготвени за мечот во Борнмут“, вели претседателот на клубот, Тони Блум.