Top Sport

Адама Траоре го замени Адама Траоре, а и двајцата постигнаа голови! (видео)

Вчерашниот меч на Африканскиот куп на нации помеѓу Мали и Мавританија донесе една бизарна ситуација – Адама Траоре го замени Адама Траоре, а и двајцата фудбалери се запишаа во листата на стрелците.

Првиот Адама Траоре (кој игра за Монако) постигна гол во 55. минута, за пет минути подоцна да биде заменет од Адама Траоре (кој игра за Мец), кој во 73. минута исто така постигна гол во 4:1 победата на Мали над Мавританија.

Scroll to Top