Top Sport

Важеше за голем талент, ама кариерата му тргна „низ брдо“ – Пјер Гасли

Ф1 возачот Пјер Гасли со разочарувачкото возење и освоениот еден бод на трката за Големата награда на Франција дополнително ја загорчи неговата полоѓба во Ред Бул и кариерата би можела набрзо да му тргне „низ брдо“.

Иако се чини дека „биковите“ се идеален избор за развој на еден млад и талентиран возач, сепак историјата зборува дека австриско-британскиот тим е подготвен експресно да се ослободи од некој кога ќе ги разочара.

Токму тоа моментно се случува со Пјер Гасли кој се чини прерано е промовиран во ударна тупаница на Ред Бул и сезонава ниже разочарувачки резултати, далеку од она што на патеката го прави неговиот тимски колега, Макс Ферстапен.

Гасли се уште не знае за подобар пласман од петтата позиција. Почнаа да се шират гласини дека 23-годишниот возач нема да ја заврши сезоната зад воланот на Ред Бул.

Истото му се случи на рускиот пилот, Данил Квајт во 2016 година кога беше релегиран во Торо Росо, а на негово место дојде Ферстапен. Сега е можно токму Русинот да го замени Гасли во тимот.

Scroll to Top