Top Sport

Адама Траоре ја сврте игрицата!

Фудбалскиот „ѕвер“ Адама Траоре повторно ги воодушеви сите фудбалски фанови, откако имаше едно неверојатно истрчување за неговите Вулверхемптон, иако тоа на крајот не вредеше многу и премиерлигашот загуби од Севилја во четврт-финалето на Лига Европа.

Мускулестиот Траоре ја „собра“ топката на својата половина пред со својата неверојатна сила и брзина да истрча повеќе од половина терен за да влета во шестнаесетникот на Севилја, пред да биде соборен од Диего Карлос. За жал на Вулфс, ударот на Раул Хименез од пенал беше одбранет од голманот на Севилја, Јасин Буну.

И покрај тоа, фановите на социјалните мрежи беа воодушевни коментирајќи дека Траоре игра како на видео-игрица.

Scroll to Top